УЖАС: Жена тепа дете во скопска игротека (ВИДЕО)
Игротеката „Дежа ву“ во трговскиот центар Капитол, на социјалните мрежи сподели видео од нивната безбедносна камера, на кое се гледа како три деца играат, а жена зема едно дете од нив и го тресе, му удира шлаканици, па го фрла на стол.
Од игротеката апелираат за помош, како и надлежните органи да преземат мерки за овој немил настан, а жената бараат да се идентификува, а потоа да биде соодветно казнета.
-Бевме сведоци на случај каде жена малтретира мало дете. Случајот е пријавен во полиција, тоа што е објавено на нашата страна е само дел од видеото. Имаме петминутно видео, но незнаеме дали жената е мајка, негувателка, дали е во некакво крвно сродство. На видеото се гледа како детето се гуши, жената го носи под едниот од реквизитите- бродот, но тоа не се гледа на снимката, меѓутоа целото видео е предадено на полицијата- велат од игротеката за ТВ Сител.