Ужас во Загреб: Момче пригмечено од лифт, лекарите се борат за неговиот живот

Фото: index.hr/Google street view

Полицијата во Загреб околу 15.30 часот добила пријава за несреќа во која малолетно момче е пригмечено од лифт во зграда. Несреќното момче се здобило со тешки повреди, префрлено е Клиничкиот центар Ребро каде лекарите се борат за неговиот живот, пишува index.hr.

Благодарение на брзата интервенција на таткото, но и на соседите и на пожарникарите, момчето било извлечено од лифтот за само три минути. Неофицијално, момчето е на возраст од шест години.

– Пациентот е примен во тешка состојба и се подготвуваме за сите постапки на интензивна медицина со цел стабилизација, односно спасување на живот, дознава dnevnik.hr. од болницата Ребро.

Момчето, според хрватските медиуми, било двапати реанимирано, најпрво во возилото на итната медицинска помош, а потоа и по итниот прием во болница. Како што објавија дел од нив, моментно е приклкучено на респиратор и има тешки повреди на главата и на градниот кош.

Поради доживеаниот шок, помош е пружена и на таткото и на соседот кој учествувал во извлекување на момчето од лифтот, но и на пожарникарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот