УЖАС ВО СРБИЈА: Полицаец со месеци ја силувал 13-годишната соученичка на неговиот син – Слободен печат
ВестиРегион

УЖАС ВО СРБИЈА: Полицаец со месеци ја силувал 13-годишната соученичка на неговиот син

Токму пријателството со неговиот син, полицаецот го искористил за да се поврзе со неа преку Фејсбук, да ги научи нејзините семејни проблеми и да ја стекне неговата доверба.

Полицаецот со иницијали В.Ж. од полициската станица во Мионивца е уапсен и му е одреден 30 дневен притвор за педофилија пренесува Курир.рс.

Тој е осомничен дека со месеци ја силувал 13-годишната пријателка на неговиот син. Полицаецот од март годинава, па се до моментот на апсење го намамувал девојчето, користејќи ја нејзината незрелост, а потоа сексуално ја искористувал.

,,Станува збор за маж на околу 40 години, кој и самиот е родител на три малолетни деца, од кои и син на 13 години, соученик со силуваното девојче. “ , се наведува во полициското соопштение.

Токму пријателството со неговиот син, полицаецот го искористил за да се поврзе со неа преку Фејсбук, да ги научи нејзините семејни проблеми и да ја стекне неговата доверба .

Најпрвин си разменувале пораки на Фејсбук, а потоа почнале и да се среќаваат. Полицаецот го носел девојчето со автомобил на скришни места околу Мионица и го силувал.

Случајот во полиција го пријавила нејзината мајка, која забележала дека девојчето чудно се однесува, а во нејзиниот мобилен нашла експлицитни пораки од полицаецот до нејзината ќерка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close