УЖАС ВО СРБИЈА: Полицаец обљубил 13-годишно девојче, другарка на неговиот син

Полициски службеник / Фото: Архива

Српски полицаец бил уапсен, а потоа му бил одреден и притвор од 30 дена под сомнение дека обљубил 13-годишно девојче, која наводно била другарка на неговиот син, пишува Курир.рс

Полицискиот службеник со иницијали В.Ж. бил осомничен дека од март до апсењето, користејќи ја незрелоста на девојчето, со неа стапил во контакт, а потоа имал и забранети полови односи со неа.

– Станува збор за маж во своите четириесетти години, кој и самиот е татко на три малолетни деца, од кои едното е другарче со 13-годишното девојче кое било обљубено – изјавил неименуван извор  кој бил дел од истрагата за Курир.рс.

Полицаецот стекнал доверба кај девојчето, запознавајќи ја преку својот син со кој таа била близок пријател. Тој најпрво почнал да и пишува пораки на социјалните мрежи, а потоа се среќавале и во живо.

Наводно, во својот автомобил често го возел девојчето на скришни места.

Мајката открила што се случува откако забележала дека нејзиното девојче се однесува чудно.

Меѓудругото, во неговиот мобилниот телефон пронашла необични и експлицитни пораки, па ги пријавила во полиција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот