Ужас во Скопје: Пијан се нафрлил врз ќерката и извршил обљуба врз неа

Фото: Profimedia

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 62-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Родосквернавење од член 194 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, на 9 ноември во неговиот дом, започнал да консумира алкохол, по што се нафрлил и извршил обљуба врз неговата ќерка. Оштетената се противела и го туркала, но не успеала да се оттргне од осомничениот- наведува ОЈО Скопје.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство, можност осомниченниот да влијае врз сведокот/оштетената и можност тој да го повтори делото.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот