Ужас во САД: Тригодишно девојче паднало од прозор, па замрзнало до смрт

Американска полиција
Фото: ЕПА

Тригодишното девојче Шарлот Хендлмен од северозападен Илиноис почина откако за време на ладна ноќ паднала од прозор и не можела да се врати во семејниот дом, соопшти денеска полицијата.

Таа најверојатно паднала од прозорот на вториот кат на куќата меѓу 23 часот во понеделник и 6 часот во вторникот, пренесува АП.

Девојчето било пронајдено пред куќата, меѓутоа, кога била однесена во болница, таму констатирале смрт заради хипотермија.

Патологот во округот рекол дека станува збор за апсолутно трагична смрт на детето.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот