УЖАС ВО САД: Полицаец брутално претепал 11-годишна ученичка бидејќи зела премногу млеко (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Полицаец од Ново Мексико бил снимен како физички малтертира 11-годишно девојче, поради тоа што таа наводно земала премногу млеко од училишната кантина. Полицаецот по овој инцидент, веднаш си поднел оставка, јавуваат американските медиуми.

Од полициската станица Фармингтон во неделата соопштија дека полицаецот Закари Кристенсен се повлекол од должност откако е покрената интерна истрага за прекумерна употреба на сила за време на инцидентот што се случил на 27 август во училиштето Меса вју.

На снимката од камерата, која е дел од стандардната опрема на полициските службеници, се гледа како полицаецот по вербална расправија меѓу девојчето и директорот насилно ѝ го зема ранецот и набрзо ја фрла на под за да ѝ стави лисици на рацете, пренесува Дејли Меил.

Началникот на полициската станица Фармингтон Стивен Хеб, изјави дека однесувањето на службеникот не е во согласност со стандардите на одделот и истакна дека „нема оправдување за овој вид однесување“.

Кристенсен, наводно, рекол дека се обидел да ја уапси девојката затоа што отишла директно во кантината, зела повеќе млеко отколку што ѝ требало и го фрлила млекото на подот.

Неидентификуваната ученичка се здобила со потрес на мозокот и повреди на рацете и на рамењата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот