УЖАС ВО РОМАНИJA: Маж во живо пренесувал како се вози во спортски автомобил и убива три лица

Фото: Принтскрин

Романец го пренесувал своето возење на Фејсбук и усмртил трудница, дете и постара жена

Три лица загинаа на истокот од Романија кога маж, кој во живо го пренесувал своето брзо возење со спортски автомобил, слетал од патот и влетал во еден двор, соопшти денеска телевизијата Антена 1.

Во несреќата смртно настрадаа бремена жена, нејзиното тригодишно дете и 79-годишна жена.

Уште едно лице кое било во дворот е повредено кога автомобилот вчера слетал од патот во населбата Вацарени, на 250 километри источно од Букурешт.

Возачот и сопатникот од автомобилот исто така се повредени. Возачот се обидел да побегне, но набрзо бил уапсен.

Осомничениот возач со камера во автомобилот го снимал своето пребрзо возење и во живо го пренесувал на Фејсбук.

Романската Влада најави итно донесување закон со кој драстично се зголемуваат казните за лицата кои се играат со мобилните телефони во текот на возењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот