УЖАС ВО РАДИШАНИ: Моторџија пред училиште прегазил деветгодишно дете

Денеска во утринските часови пред основното училиште „Ацо Шопов“ во скопската населба Радишани се случила несреќа, кога моторџија прегазил деветгодишно дете, пренесува СДК.МК. 

Детето за време на големиот одмор ја минувало улицата Радишанска на пешачки премин, при што било прегазен од моторџија.

Детето е пренесено во болницата „Св. Наум Охридски“ со повреди на ногата, но е надвор од животна опасност.

Градоначалникот на Општина Бутел Веле Смилевски изјавил дека несреќата се случила пред полициската патрола која стоела пред училиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот