Ужас во Њујорк: Иден татко загина откако експлодирала направа за „откривање на полот“ на бебето

Фото: Фејсбук

Кристофер Пекни од американската сојузна држава Њујорк починал откако дошло до експлозија на уредот со кој на прославата требало да биде откриен полот на неговото идно дете, пренесува Би-Би-Си.

Би-Би-Си наведува дека полицијата соопштила дека Кристофер Пекни (28) починал откако во неделата експлодирала направа која ја правел за забавата за откривање на полот на бебето и дека бил повреден неговиот брат Мајкл (27) кој бил префрлен во болница.

Забавите за откривање на полот се популарни во САД и на нив идните родители со огномет и експлозии, најавуваат дали ќе добијат девојче или момче, а оваа смрт е само последната во низа на несреќи кои во последните години се поврзани со ваквите прослави, пренесува Би-Би-Си.

Една таква забава во Мичиген пред две недели тргнала на лошо откако експлодирал мал топ. Покрај автомобилот, во несреќата настрадал и маж кој стоел во непосредна близина, кој потоа починал од здобиените рани.

Минатата година експлозија на една забава за откривање на полот предизвикала шумски пожар кој уништил илјадници хектари во Калифорнија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот