Ужас во Мексико: Фудбалер уби судија за време на натпревар

Насилството на фудбалските терени доби нова димензија откако во Мексико е убиен фудбалски судија за време на натпревар и тоа од фудбалер.

Според пишувањето на мексиканскиот весник „Ел Насионал“, Џонатан Г., фудбалер на локална нисколигашка екипа, го удрил и оттурнал судијата Ернан Ернандез кој при падот удрил со главата на земја и 15-тина останал да лежи без свест.

Насилството на фудбалските терени доби нова димензија откако во Мексико е убиен фудбалски судија за време на натпревар и тоа од фудбалер.

Судијата итно бил префрлен во болница каде, и покрај напорите на лекарите, им подлегнал на повредите.

Според весникот полицијата набрзо пристигнала на лице место при што сите, како виновник, го посочиле 23. годишниот Џонатан Г. кој веднаш заврши во притвор.

Весникот исто така наведува дека фудбалерот, покрај обвинението за кривично дело, на товар му се става и тоа што не сторил ништо за да му помогне на несреќниот судија Ернандез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот