УЖАС ВО ЛУКСУЗНО АФРИКАНСКО ОДМАРАЛИШТЕ: Бремена жена избодена до смрт додека спиела

Фото: Фејсбук

Карен Тарнер (31) која била бремена, била избодена до смрт од непознати лица, додека спиела со својот сопруг и син во луксузно одмаралиште во Јужна Африка, јавуваат тамошните медиуми.

Бремената Карен Тарнер (31) до смрт била избодена од непознати лица додека заедно со синот и сопругот спиела во луксузно одморалиште во Јужна Африка, пренесе „Скај њуз“.

Тарнер била убиена во вторникот околу 3 часот по полноќ по локално време, еден ден откако го прославила својот 31 роденден. Напаѓачите го прободеле и нејзиниот сопруг Метју (33), но тој го преживеал нападот.

Двајца мажи вооружени со ножеви провалиле во апартманот со поглед на плажа, лоциран во природниот резерват Хлулека.

Карен Тарнер, учителка од градот Андерберг, починала набргу по нападот, кој не го преживеало ниту нероденото бебе.

Метју Тарнер го преживеал нападот и бил пренесен во најблискиот поголем град каде бил подложен на операција. Синот кој спиел во нивниот кревет не е повреден.

Портпаролката на локалната полицијата, рекла дека нема знаци на насилно влегување во објектот, но дека сè во апартманот било расфрлано и превртено наопаку.

„Не се работи за грабеж затоа што не се одземени никакви скапоцености“, додала таа.

Мотивот за нападот сè уште не е познат, но полицијата соопшти дека идентификувала еден од осомничените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот