УЖАС ВО ХРВАТСКА: Двапати силувал девојче во напуштена куќа, жртвата останала бремена

Фото: Архива на Слободен печат

Жупанискиот суд во средна Хрватска отвори истрага против маж кој е обвинет дека двапати во напуштена куќа имал полов однос со девојче кое потоа останало бремено, пренесува „24 сата“.

Мажот на сослушувањето признал дека го извршил кривичното дело, но се бранел со зборовите дека сметал оти жртвата има повеќе од 15 години. Со оглед на неговото признание, во жалбата кон судот изнел дека смета оти „не е потребно да се спроведува истрага и да се собираат понатамошни докази и податоци, особено оние кои не се спорни“.

Мажот се товари дека со цел задоволување на својот полов нагон, ја одвел малолетната девојка во напуштена куќа и ѝ се закани, за потоа да имаат полов однос. Неколку недели подоцна на истото место и на ист начин по вторпат имал полов однос со девојчето, а девојчето останало бремено.

Надлежниот суд ја одби жалбата на осомничениот.

На неименуваниот човек му се закануваат три до 12, односно 15 години затвор, се во зависност од тоа како Обвинителството ќе го карактеризира неговото дело, а под услов во судската постапка за тоа да биде и осуден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот