УЖАС ВО ГРЦИЈА: Србин се скарал со синот на плажа, го удрил со пиштол во глава, а потоа пукал во него!

Момче (21) од Србија било хоспитализирано во болница во Полигирос, откако неговиот татко, исто така Србин, пукал во него во Ханиоти, Грција, пренесува Курир.рс.

Во извештајот на локалната полиција стои дека 39-годишниот маж пукал во својот син, кој во тој момент бил на одмор со својата мајка во Грција.

Таткото и мајката биле разведени, а кај таткото била пронајдена и помала количина на кокаин, пренесуваат грчките медиуми.

На конфликтот му претходела кавга меѓу таткото и синот, за во еден моментот Србинот да извади пиштол, со кого го удрил својот син по глава, а потоа пукал и го повредил во десниот бут.

Таткото набргу бил уапсен, додека момчето било пренесено во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот