Ужас: Почина девојчето кое го нападна маж во Германија додека одело на училиште

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Германската полиција денеска соопшти дека маж убил 14-годишно девојче, а тешко ранил друго, 13-годишно, додека оделе пешки кон училиште.

Полицијата во југозападниот град Улм соопшти дека девојчињата биле итно пренесени во болница по нападот кој се случил околу 7:30 часот во блискиот град Илеркирхберг.

Нема информации за оружјето со кое мажот ги нападнал.

Осомничениот побегнал во блиската куќа каде полицијата уапсила три лица, претпоставувајќи дека едното е напаѓачот.

По нападот сведоците веднаш повикале полиција и итна помош, а болничарите ги префрлиле двете девојчиња во болница.

Германската новинска агенција ДПА јави дека полицијата сè уште се обидува да го утврди мотивот за нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот