Ужас во Германија: Излетал од автомобилот на автопат и извикувал „Алаху Акбар“, па дошло до сообраќајна незгода

Фото: Илустрација/EPA

Полицијата успеала да го совлада човекот и да го уапси, а во автомобилот не пронашла експлозивна направа.

Германските власти соопштија дека потенцијален терористички чин предизвикал неколку судири на неколку улици во Берлин, по што настанало привремено прекинување на патниот сообраќај.

Според последните информации, повредени се шест лица, од кои тројца сериозно. Инцидентот се случил во вторникот вечерта (18:30 часот попладне) кога 30-годишен Ирачанец се забил со автомобил во неколку возила, пишува „Билд“.

На дел од улицата Албоинштрасе, автомoбилот покосил двајца мотоциклисти, при што сериозно ги повреди и двајцата. Потоа го запрел автомобилот, излегол и викнал: „Алаху акбар“. Потоа поставил метална кутија на покривот на автомобилот и викнал никој да не му приоѓа бидејќи во спротивно сите ќе умрат.

Полицијата успеала да го совлада човекот и да го уапси, а во автомобилот не пронашла експлозивна направа. Триесетгодишникот сега е во притвор.

Властите испитуваат дали Ирачанецот, кој се чини дека е ментално нестабилен, припаѓа на некоја исламистичката групација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот