УЖАС ВО ГЕРМАНИЈА: Автомобил влета во карневалска поворка, најмалку 30 повредени

Франфуртер Алгемајне цајтунг јавува дека сребрениот „Мерцедес” се запрел дури 30 метри по моментот на влетувањето меѓу луѓето.

Најмалку 30 лица денеска се повредени кога автомобил влетал во карневалска поворка во градот Фолкмарсен , во зпасдниот дел на Германија, соопшти „Билд”.

Според наводите на весникот, околу третина од лицата се тешко повредени, а британските медиуми наведуваат дека полицијата засега не ја потврдила оваа бројка.

Полицијата претходно јави дека во нападот има најмалку 15 повредени учесници на карневалот.

Германските медиуми соопштија дека меѓу повредените има и деца, а цитираа и сведоци кои наведуваат дека возачот намерно влетал во толпата луѓе, забрзувајќи пред да удри во нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот