УЖАС ВО ФРАНЦИЈА: Кучиња усмртиле трудница (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Во шума во близина на францускиот град Вилерс-Котеретс, било најдено мртво тело на жена која била изгризана до смрт од страна на кучиња.

Инцидентот се случил додека бремената жена ги шетала своите пет кучиња во шумата.

Според полициската истрага, бремената Елиса Пиларски (29) била убиена од кучиња за време на организиран лов на елени во шума во северна Франција. На нејзиното тело се утврдени неколку фатални каснувања на горните и долните екстремитети и на главата.

Полицијата тестирала 93 кучиња и отворила истрага за убиство. Тестовите ќе се споредат со примероците на ДНК земени од телото на Елиса Пиларски за да се утврди кои животни ја нападнале и ја изгризале до смрт.

Тестирани се и петте кучиња кои припаѓаат на убиената бремена жена, која била во шести месец на бременост.

Елиса пред да биде изгризана до смрт во саботата, му пратила порака на телефон на нејзиниот партнер изразувајќи загриженост дека може да биде нападната од чопор кучиња. Тој, кога видел дека Елиза не се вратила, се упатил кон шеталиштето каде го пронашол нејзиното тело. Тој, наводно, ги следел вознемирените крици на нејзините кучиња.

Младата двојка живеела во куќа близу шумата, а откако е пронајдено безживотно тело, партнерот на Елиса побарал помош од сосед, кој повикал полиција.

Чопорот кучиња ловеле елени во истата шума во саботата, пренесува Ле Куриер Пикард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот