УЖАС ВО ДОМОТ НА ЛЕКАР ОД ИЛИНОИС: Полицијата нашла остатоци од преку 2.000 фетуси (ВИДЕО)

Остатоци од над 2.000 фетуси се пронајдени во домот на американски лекар од Илиноис по неговата смрт, објави локалната полиција.

Семејството на д-р Улрик Клопфер ги откри остатоците кога по неговата смрт на 3. септември влегла во неговиот дом.

Д-р Клопфер имал клиника во Саут Бенд во Индијана, која е затворена откако му била одземена лиценцата во 2016 година. Бил обвинет дека на властите не пријавил абортус изведен кај 13-годишно девојче.

Лекарот рекол дека не изгубил пациентка во 43 години колку што вршел абортуси.

„Жените забременуваат, мажите не“, рече доктор Клопфер на сослушувањето, пренесува Њујорк Тајмс. „Мора да ја почитуваме одлуката за која жените мислат дека е најдобра за нив. Не е моја задача да диктирам некому. Ниту да му судам“, рече тој.

Властите открија вкупно 2.246 фетуси кои ги презеде патолог, а истрагата е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот