Ужас во Црна Гора: До смрт ја претепал својата бремена сопруга, пријавите за насилство биле отфрлени

Полиција во Црна Гора / Фото: МИА
Зумрита Нерда, 27-годишна трудница од Црна Гора, која невенчаниот сопруг Далибор Николиќ (33) ја претепа до смрт, во неколку наврати во полиција негирала дека нејзиниот сопруг ја вознемирува, иако нејзините роднини го пријавиле него. Несреќната жена по последните удари паднала во кома и им подлегнала на страшните повреди.

Ниту една од извештаите на роднините на покојната Зумрита, во која наведуваат дека Николиќ брутално ја малтретирал, не довело до обвинение бидејќи таа секогаш негирала дека нејзиниот сопруг ја тепа.

Последниот ќотек бил фатален, дваесет и седумгодишна трудница паднала во кома, а лекарите со денови потоа се бореле за неа и за животот на нејзиното неродено бебе.

Соговорникот вклучен во истрагата за Montenegrin News изјави дека се очекува квалификација на кривичното дело, но дека Вишото државно обвинителство се уште не се изјаснило дали ќе го обвини Николиќ за тешкото убиство на бремената Зурмита.

Несреќната жена на 16 јануари била донесена во болницата во Бар во онесвестена состојба и поради тежината на повредите веднаш била пренесена во Клиничкиот центар на Црна Гора.

Николиќ, со кој таа има три деца, се обидел да побегне од Црна Гора, но еден ден подоцна бил уапсен на граничниот премин Добраково.

Дежурниот обвинител во Основното државно обвинителство во Бар му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

Од полициската управа за „Вијести“ велат дека во 2019 година, вработените во Центарот за обезбедување на Бар, имале две пријави против Николиќ, за семејно насилство на штета на невенчаната сопруга.

„Првата пријава е регистрирана на 20.07.2019 година од страна на В.Н.(брат на оштетената) во која изјавил дека Д.Н. подолго време физички ја малтретира неговата сестра. Изјавата е преземена и од Н.З., која гои негирала ова. За настанот бил известен и надлежен државен обвинител кој изјавил дека во наведениот настан нема елемент на кривично дело. Полицијата поднесе прекршочна пријава против Д.Н. за сторени прекршоци од Законот за заштита од семејно насилство на штета на З.Н.“, објаснуваат од Полициската управа.

Против братот на Зумрита тогаш е поднесена прекршочна пријава – „Поради физички напад врз неговиот зет Д.Н.

На 27 август истата година Зумрита го пријавила Николиќ за физичко насилство.

Потоа била упатена на лекарска помош каде била задржана во болница. Осомничениот Д.Н., веднаш бил приведен и имал видливи повреди за кои не кажал дека му ги нанеле роднини на неговата невенчана сопруга и бил упатен на лекарска помош. Надлежниот државен обвинител нареди да биде поднесена кривична пријава против Д.Н поради сомнение дека сторил кривично дело насилство во семејството или семејната заедница. Кривична пријава за истото дело е поднесена и против В.Н. и Ѓ.Н. за истото дело на штета на неговиот зет Д.Н“.

Неполн месец подоцна, Основното државно обвинителство ја извести полицијата дека двете кривични пријави се отфрлени.

„Полицијата на 19.09.2019 година од обвинителството е известена дека двете кривични пријави се отфрлени, а во понатамошна постапка против осомничените поднесени се прекршочни пријави по Законот за заштита од семејно насилство“, соопштија од УП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот