Ужас во бразилска болница: Жена се бори за живот додека нејзината ќерка се обидува да ја задуши (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/amazon live

Полицијата, на основа на прелиминарната истрага, наведува дека ќерката се одлучила на ваков чекор бидејќи не можела „да ја гледа својата болна мајка“.

Жена од Бразил е уапсена поради сомнение дека се обидела да ја убие сопствената мајка во болнички кревет, пренесе „Дејли меил“.

Лусијана Паула Фигередо (32) е снимена како со рака ја покрива устата на својата мајка Ана Бернедита Фигередо (68), наводно обидувајќи се да ја задуши.

Вознемирувачката снимка, како што пренесуваат локалните медиуми, ја направил други пациент. На снимката може да се забележи како ќерката ја држи дланката и постелата на мајка си преку нејзиниот нос и уста, додека изнемоштената старица се обидува да ја подигне својата рака.

Лусијана на крајот не успеа, или се откажа од своите намери, а потоа е уапсена на лице место, додека Ана е префрлена во интензивна нега.

Мајката е примена во болница поради белодробна емболија на 19 јануари, а снимката се појави на крајот на овој месец.

Полицијата, на основа на својата прелиминарна истрага, наведува дека ќерката се одлучила на ваков чекор (убиство) бидејќи „не можела повеќе да ја гледа својата болна мајка“. Исто така се истражува дали Лусијана се обидела нешто да ѝ вбризга на мајка си, бидејќи во нејзината ташна бил пронајден и шприц.

Надлежните исто така наведуваат дека ќерката тврдела оти имала нормален однос со мајка си и дека не сакала да ја убие кога ѝ ја ставила дланката преку устата.

На Лусијана ѝ е одреден притвор, додека нејзината одбрана се обидува да докаже дека пати од гранично нарушување на личноста.

– Таа пред овој случај веќе примаше терапија. Молиме таа да продолжи со лечењето во соодветна установа, за да не ѝ се влоши состојбата – наведуваат адвокатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот