Ужас во Австралија: Мајка ја прегазила и усмртила својата 17-месечна ќерка

Фото: Принтскрин

Џеси Сигерн од Јужна Австралија ја прегазила својата 17-месечна ќерка Ана Сигерн со семејниот автомобил на нивната фарма, при што девојчето починало.

До инцидентот дошло кога мајката заедно со најстарата ќерка Грејс се враќале дома, кога со автомобилот удрила во својата најмала ќерка, пренесува британски „Sun“.

– Ја видов кога ја направив грешката и знаев дека ја нема повеќе- рече мајката.

Ана била најмлада од трите деца, братот Џек (3) и сестрата Грејс(5).

Џеси истотака апелираше до родителите да забават, да не брзаат, да го искористат тој додатен момент и да им дадат последна прегратка на децата пред да излезат од дома.

Полицијата соопшти дека и покрај напорите на лекарите, девојчето починало на лице место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот