УЖАС: Тетовец застрелал куче со ловџиска пушка – Слободен печат
Хроника

УЖАС: Тетовец застрелал куче со ловџиска пушка

Иван Спировски од Долно Седларце во изјава за локална телевизија изјави дека се одлучил на постапката зошто се чувствувал загрозен за семејството и добитокот.

Во тетовската полиција вчера било пријавено дека 69 годишник од Долно Седларце со пушка застрелал бездомно куче во селото Долно Седларце. Тој подоцна бил повикан во полициската станица во Тетово при што одземена му е ловечката пушка.

– Во координација со ветеринарен инспектор извршен е увид. И. С. (69) повикан е во Полициската станица Тетово и одземена му е ловечка пушка „Црвена застава 16 ГА M70″. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираше СВР Тетово.

Иван Спировски од Долно Седларце во изјава за локална телевизија изјави дека се одлучил на постапката зошто се чувствувал загрозен за семејството и добитокот.

– Со месеци влегуваше во дворот пред семејната куќа и ги напаѓаше домашните птици и внукот. Ми задави две гуски кои чинат 50 евра. Кој ќе ми ја плати штетата. Иако сега јас можеби ќе платам казна, ама нема да има друга штета, изјави Спировски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close