Хаотична свадба: Кумот ја удрил невестата и ја влечел по скалите (ФОТО)

facebook

Денот на венчавката би требало да биде најубав за младенците и за нивните семејства, особено откако ќе почне прославата.

Но Ерин Мејзон-Џорџ од Обединетото Кралство имала свадба за која сигурно нема со задоволство да им прераскажува на своите внучиња.

facebook

Кумот ја удрил, ја зграпчил за венчаницата и ја влечел по скалите, пишува Дејли мејл.

Освен што бил кум на венчавката, Томос Ридиан Вилсон му бил и брат на младоженецот. Откако ја нападнал невестата, ги нападнал и нејзините две сестри и мајка им и рекол дека брат му Стефан никогаш не требало да се ожени со невестата.

Нападот се случил кога семејството се обидело да му помогне на пијаниот младоженец да оди во собата по венчавката, при што Томос почнал да ја навредува невестата и нејзиното семејство.

Рекол дека брат му Стефан веќе не е Вилсон бидејќи се оженил со Ерин Мејсон Џорџ. Го нападнал и менаџерот на хотелот и уништил дел од инвентарот.

Ерин и новиот сопруг Стефан се разделиле по хаотичната венчавка/facebook

Томас подоцна се бранел тврдејќи дека за сè е виновна невестата и дека полудел кога видел како таа му удира шлаканици на брат му и го пцуе бидејќи се напил и не можел да оди.

Другиот кум, Хари Вилсон, кој исто така сведочел, тврдел дека и тој ја видел невестата како го удира младоженецот велејќи му дека е време за во кревет и дека Стефан паднал по скалите, рекол дека Томос тргнал да му помогне кога невестата го удрила, а потоа и целото нејзино семејство го нападнало.

Откако ги послушале сите сведоци и ги прегледале сите докази, Судот го прогласил Томос за виновен за нападите и за уништувањето, па сега мора да ѝ плати отштета на невестата, како и на нејзиното семејство, пишува Дејли мејл.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот