Осомничениот убиец Иван Т. со неговата сопруга / фото: Фејсбук

Ужас кај Цирих – пензионер по потекло од Хрватска си ги убил сопругата и ќерката

Швајцарската полиција уапси 72-годишен човек, по потекло Хрват од Босна и Херцеговина, Иван Т., под сомнение дека ги убил сопругата (68) и ќерката (49), пишува „Индекс“.

Вчера рано утрото, жителите на Билах, град во близина на Цирих, повикале брза помош за жена која крвавела и барала помош од балконот на семејната куќа.

Швајцарските медиуми јавуваат дека локалното обвинителство побарало притвор за пензионерот. Соседите велат дека сцените биле ужасни.

„Имаше вресоци и плачење. Половина час подоцна, полицијата го одведе. Ќерка ми погледна кон таа куќа во шест часот, се беше нормално. Во седум слушнала крици и лелеци. Половина час подоцна, таа видела како полицијата го одвела со лисици”, изјавила сосетка за швајцарските медиуми.

Кантоналната полиција во Цирих вели дека најверојатно станува збор за семејна кавга која завршила трагично.

„Низ вратата можеше да се види многу крв. Бевме истрауматизирани. Сцените беа страшни“, раскажува сосетката,

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот