УЖАС: Двегодишна ќерка ја убила својата МАЈКА! Мажот ја пронашол Јулија без свест и ќеркичката како вришти во кола!

Ужасна смрт и се случи на младата мајка од Белорусија, Јулија Шарко (21) кога нејзината двегодишна ќерка случајно ја убила.

Јулија Шарко ја извлекувала својата ќерка низ прозорецот од автомобилот кога девојчето случајно го притиснала копчето за затворање на прозорецот. Тој автоматски почнал да се затвора и да го притиска вратот на Јулија, а таа почнала да се гуши.

Набрзо потоа мажот Артур ја пронашол жената без свест, додека ќеркичката врескала во кола. Веднаш го искршил прозорецот, ја извлекол надвор и ја однесол во болница во Брест. За жал по осум дена таа починала.

„Мозокот и бил неповратно оштетен заради вклештување на крвните жили“, се наведува во лекарскиот извештај.

Полицискиот инспектор Дмитриј Ивањук изјави: „Млада жена ги посетуваше пријателите со семејството во Старо Село. Нејзиниот сопруг ја пронашол во несвест на 31 август околу 16:30 часот по локално време. Вратот и бил притиснат од прозорецот на автомобилот”.

Потоа била пренесена во регионалната болница во Брест со знаци на механичко задушување и траума.

Во тек е истрагата за детали поврзани со нејзината смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот