УЖАС: Боксер со „рекорд 26-0“ доживеа тежок судир! (ФОТО) – Слободен печат
ОстанатoСпорт

УЖАС: Боксер со „рекорд 26-0“ доживеа тежок судир! (ФОТО)

Полицијата во Далас соопшти дека боксерот е префрлен во болница во тешка состојба...

Светскиот шампион во велтер категорија Ерол Спенс е тешко повреден во страшна сообраќајна несреќа која се случи во Далас.

Спенс при голема брзина со своето „Ферари“ излета од патот, автомобилот целосно беше уништен откако се преврте неколку пати.

Полицијата во Далас соопшти дека боксерот е префрлен во болница во тешка состојба, но докторите очекуваат да преживее 29-годишниот спортист.

Во својата професионална боксерска кариера имал 26 борби од кои 21 ги заврши со нокаут, а пет со одлука на судиите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close