„Узенгија“ ќе прикаже пет европски филмови за деца и млади во Битола

Пет филмови за деца и млади од поновата европска продукција од 4 до 8 јули се прикажуваат во киното „Манаки“ во Битола во рамките на „Недела на детски филмови“.

Програмата почна на 4 јули со проекција на филмот „Неверојатната приказна за џиновската круша“, синхронизиран на македонски јазик и продолжува до 8 јули со секојдневни проекции.

„Неверојатната приказна за џиновската круша“ е базиран на истоимената популарна книга за деца од Јакоб Мартин Стрид и е приказна за две другарчиња – слонот Себастијан и мачката Мичо, кои се впуштаат во морска авантура за да го спасат исчезнатиот градоначалник Џи Би, кому еден ден мистериозно му се губи трагата. Тие го совладуваат морето со нивната џиновска круша и во текот на нивната авантура ќе налетаат на пирати, змејови и чудни духови.

На 5 јули беше прикажана детската авантура „Кариран нинџа“, исто така синхронизиран на македонски јазик. На програмата до 8 јули се и „Хакер“, „Патештествието на принцот“ и „Мираи“, а и повторно „Неверојатната приказна за џиновската круша“ и „Кариран нинџа“ со синхронизација на албански јазик.

Влезот за проекциите е слободен.

„Недела на детски филмови“ е во организација на дистрибутерската куќа „Узенгија“ во рамките на програмата на годинешното издание на „Бит-фест 2022“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот