Увидот ќе ги покаже причините за несреќата кај кумановско Черкезе

Увидот кој го вршат Македонски железници Транспорт, Македонски Железници Инфраструктура, МВР и основното јавно обвинителство ќе ги покаже причините за несреќата што се случи утрово во 01:50 часот кога вагоните од товарниот воз се излизга од шините, во близина на кумановско Черкезе, соопшти денеска, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев кој заедно со министерот за транспорт и  врски, Горан Сугарески и директорот на МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани извршија увид на местото на несреќата.

По завршување на увидот, посочија надлежните, претпријатијата се подготвени да ги отстранат вагоните, да се санираат штетите и да се пушти повторно сообраќајот кој сега е во прекин. Владата ќе понуди поддршка  на институциите во најбрз можен рок да се санираат последиците од несреќата, посочија вицепремиерот и министерот.

– Среќна околност е што нема повредени, нема жртви во целата несреќа, има материјална штета која е причинета и која е евидентна која ќе се утврди дополнително. Ние како Влада ќе направиме се што е во наша моќ, по завршувањето на увидот се надеваме дека тоа ќе биде во текот на денот и ноќта, а од утре да почне  санацијата на колосекот за да може да се воспостави повторно транспортниот правец север-југ, односно коридорот 10, кој што во моментов ќе биде во застој- изјави вицепремиерот Анѓушев.

Тој појасни дека се преземаат подготвителни активности по завршување на увидот да може да се отстранат вагоните од коловозот, а после тоа Инфаструктура во најбрз можен рок, во рок од  24 часа да ја санира пругата и повторно да се воспостави сообраќајот.

Министерот за транспорт и врски, Сугарески рече дека двете претпријатија, веќе ги информирале што ќе преземат по завршување на увидот, посочувајќи дека е добро што нема повредени во несреќата.

-Дејствија не можат да се прават дури не заврши увидот и од страна на комисиите и од МВР и ОЈО. После завршувањето на увидот целосно ќе влезат во функција на отстранување на вагоните и санирање на пругата. Од наша страна тоа го кажа и вицепремиерот ќе застанеме комплетно ова што побргу да се санира и да се воспостави железничкиот сообраќај-изјави Сугарески

И директорот на МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани рече дека материјалните штети ќе бидат покриени од осигурувањето. Тој потенцираше дека во 2012 година бил потпишан договор за реконструкација на 60 километри од коридорот 10.

– Еден од тој реконструиран дел е Табановце -Куманово, а од Куманово до Скопје има делумна нивелизација и регулација на постоечката пруга која само по себе покажува дека параметрите се запазени и кондицијата на пругата е запазена, согласно стандардите кои ние ги водиме, инкорпорирани во сите закони правилници кои што ги користиме-иизјави Асани.

Во 23 часот, рече Асани на ова место поминал експресниот воз Солун-Белград, во 36 минути по полноќ поминал друг воз кој заминал од Скопје кон Табановце со 33 вагони или 800 тони и во 01.50 истиот воз се вратил товарен.

-И после поминуавњето на патниот премин што убаво се гледа и на камерите дека немал некоја да кажеме посебна ситуација се случило искривувањето на еден од вагоните, третиот вагон и после останата работа се случила како резултат на тоа искривување-изјави Асани.

Екипи од Инфраструктураи  од Транспорт вклучувајќи и од други ескперти  работат на терен, посочи Асани.

-Тоа што првично гледаме имаме некои идниции за некои можни параметри кои не водат зошто би се случило ова, еден од нив е и тука може да се види  дека има некои неправилности во товарењето на вагоните кои после целиот увид ќе ги кажеме во кој број се и колку можеле тие да придонесат. Но исто така ќе ги гледаме и другите причини за што во најкус можен рок ќе бидете известени-изјави Асани.

Тој рече дека претпријатието е подготвено откако ќе се расчисти пругата, максимално за 24 часа да ја пуштат пругата за проток со брзина од 60 километри, па за два три дена по завршување на потребните процедури и прописи ќе се пушти редовно со 100 километри на час.

Одговарајќи на новинарско прашање дали неправилноста при товарањето на вагоните е првична неофицијална идниција за настанување на несреќата, Асани посочи дека тоа е една од индициите кои се гледа.

-Тука се гледа, колку тоа делувало ќе го каже извештајот. Исто така ги гледаме и другите причини, си има процедура, си има ред како се прават овие работи. Ние нормално дека нема да криеме ниеден од елементите. што и да се случило ќе бидеме отворени да ги кажеме и да преземем одговорност за тоа.-изјави Асани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот