Увид во Табановце каде беа пронајдени починати маж и жена

Полиција / Фото: МВР

Јавен обвинител од Куманово издал наредба за обдукција на телата на двајцата сопружници кои утрово беа пронајдени во семејна куќа во кумановското село Табановце со повреди како што претходно соопшти МВР. Издадена е и наредба за вештачење на трагите и материјалите пронајдени на местото на настанот.

– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во семејна куќа во селото Табановце каде утринава беа пронајдени телата на две починати лица – маж и жена на возраст од 43 и 36 години. Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место, се наведува во соопштението на ЈОРСМ.

Телата на починатите сопружници Б.С.(36) и Б.С.(43) со повреди утрово во 8.20 биле пронајдени во нивниот дом во село Табановце, соопшти претходно полицијата.

Пронајдени две починати лица во кумановско Табановце

Видео на денот