Увек други, никад први!

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

Своевремено на домашната политичка сцена избегнаа да се позиционираат дали се за референдумот или не. Играта тогаш ја водеше невладината Бојкотирам,и редица мали партии кои на ВМРО ДПМНЕ и го зедоа приматот, а зад кои подоцна се приклучи и сегашното колебливо раководство.

Кој и како да им ја разбере политиката на ВМРО ДПМНЕ. Кога зборуваат вистина, и колку време трае пред да ја сменат? И надворешната и внатрешната политика!
Првото ВМРО ДПМНЕ од времето на основачот на партијата Љубчо Георгиевски беше лидер во настојувањето Македонија да стане членка на НАТО. Тој отворено беше и сеуште е за самостојна Македонија со разлабавување на врските со поранешна Југославија, а пред се против доминацијата на Србија во меѓусебните односи. Во свое време имаше и обиди за затоплување на односите со соседите, особено со Бугарија, но и со Грција.
Неговиот наследник и долгогодишен претседател на партијата Никола Груевски беше тешко да го „фатиш“ кои му се меѓународните позиции. Дојде на власт токму во еден од монентите кога во спорот со Грција беше ставен на маса предлог кој наведуваше на прифаќање на двојната формула. Уште не седнат на премиерската фотеља, Груевски ја одби како неприфатлива за Македонија. Набргу потоа таа стана „бедемот“ во позициите во проговорите со Грција.

Наспроти темелите што ги постави неговиот претходник Герогиевски, Груевски не само што не ги прекина врските со Србија, туку и ги засили со заеднички седници на Владите и со вклучување на голем број српски советници во неговиот кабинет. Односите со Бугарија наместо да се подобрат по потпишувањето на спогодбата во време на Љубчо Георгиевски, се влошија.

Членството во НАТО и во ЕУ стана манипулативно, во пракса нашите војници учествуваа во сите операции на НАТО, а пред домашната јавност тоа беше маргинализирано. Постепено пак се затоплуваа односите со Русија. Пред крајот на својот мандат Никола Груевски сосема се „разведе“ од меѓународната заедница.

Обид за помирување со САД тој виде во времето на изборната трка во САД, кога тој и партијата отворено се ставија на страната на сегашниот претседател Доналд Трамп, надевајќи се дека тој ќе застане во нивна заштита пред колапсот кој им се наѕираше. Дури и сега се говори дека лажните вести продуцирани од некои наши градови имале удел во победата на Трамп.

Но и таа подршка на американската политика беше краткотрајна бидеќи Трамп принципелно со текот на времето се дистанцираше. Сега некои гласноговорници на ВМРО ДПМНЕ отворено се против НАТО и американското влијание на Балканот и особено во Македонија, до степен на третман на американската политика кон Македонија како деструктивна, со задача за уништување на земјата и нацијата.

За НАТО овие партиски „слободномислители“ веќе говорат дека е непотребна коалција пред распаѓање, прифаќајки ја тезата на Макрон дека НАТО е пред клиничка смрт. Токму францускиот претседател Емануел Макрон стана најголемиот пријател на ВМРО ДПМНЕ, особено откако тој ја блокираше земјава во добивањето датум за преговори за членство во ЕУ.

За договорот со Бугарија се изјаснуваат сосема против, се до срдбата со бугарскиот премиер Борисов на кого му ветија дека „го подржат“ договорот.

Преспанскиот договор за нив е неважечки и велеа дека ќе гледаат да го поништат. Најново сега слушаме дека нема да го поништат. Доколку имале двотретинско мнозинство ќе го променеле само Уставот, но не и договорот.

Своевремено на домашната политичка сцена избегнаа да се позиционираат дали се за референдумот или не. Играта тогаш ја водеше невладината Бојкотирам,и редица мали партии кои на ВМРО ДПМНЕ и го зедоа приматот, а зад кои подоцна се приклучи и сегашното колебливо раководство.

Увек други, никад први, велат Србите.

Со терористи не правиме коалициј велеше Груевски кога доаѓаше на власт мислејќи на ДУИ. Набргу потоа ја смени политиката и десет години коалицијата ја претвори во неразедлна братска дружба, делејќи ја Македонија на сфери на етничко влијание, премолчно федерализирајќи ја со договорот „коалиција на победниците“.

Сега имаме слична ситуација на мимикрија: ДА за НАТО ама НЕ за закон за одбрана, ДА за ЕУ ама НЕ за датум за преговори, НЕ за преспанскиот договор, ама ДА за одмор на Халкидики, НЕ за договорот со Бугарија ама ДА за бугарски пасоши…

Со вакви хамлетовски дилеми постои опасност партијата на изборите да внесе конфузија кај своите подржувачи, но и кај дел од неопределените кои немаат јасна претстава кои се вистинските позиции на ВМРО ДПМНЕ за клучните надворешно политички перспективи на земјата, но и за внатре-политичките односи во наредниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот