Утврдување на присуство на мутирани соеви на SARS-CoV-2 во Македонија

Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина од Клиничката болница „Жан Митрев“ почна со секвенционирање на SARS-CoV-2 примероци со цел утврдување на можно присуство на мутирани соеви од овој вирус кај македонски пациенти. Фото-pixabay

Како одговор на појавата на нов вирусен субтип со зголемена преносливост во Велика Британија, лабораторијата за генетика и персонализирана медицина од Клиничката болница „Жан Митрев“ од неодамна повторно почна со секвенционирање на SARS-CoV-2 примероци со цел утврдување на можно присуство на мутирани соеви од овој вирус кај македонски пациенти. Во текот на наредниот период од Клиниката „Жан Митрев“ ќе ги информираат надлежните институции и јавноста за добиените резултати.

Според препораките на Европскиот центар за заразни болести (ЕДЦ) неопходно е да бидат навремено преземени чекори за утврдување на постоење и следење на ваквите еволуции на вирусот. Самиот факт дека генетската еволуција на SARS-CoV-2 вирусот може потенцијално да влијае на антигенските својства (пр. ефект на вакцини и терапии), неговата преносливост и јачина, се доволен показател дека треба да бидат земени предвид при планирање на следните чекори за справување со ширењето на вирусот.

– Затоа, ние како општествено одговорна лабораторија започнавме со собирање примероци од македонски пациенти позитивни на коронавирусот и по добивање нивна согласност ќе бидат дополнително секвенционирани на наш трошок, за да утврдиме присуство/отсуство на новиот мутиран сој SARS-CoV-2, познат како VUI – 202012/01, велат од Клиниката „Жан Митрев“.

Оваа иницијатива ќе се реализира во следните неколку месеци, со што ќе се добие можност да се утврди еволуцијата на вирусот на македонско тло.

За овој проект Клиниката „Жан Митрев“ е веќе во комуникација со локалната канцеларија на СЗО и дипломатските претставништа, од кои очекуваат поддршка која ќе обезбеди аргументирано и интелектуално издржано известување во борбата против лажните и извадени од контекст информации.

– Ги покануваме сите институции и капацитети, јавни или приватни, доколку имаат можност да ни се приклучат во оваа борба – додаваат од Клиниката „Жан Митрев“.

Инаку лабораторијата на оваа клиника беше прва и единствена, која уште во јуни го секвенционираше балканскиот сој на коронавирусот SARS-CoV-2.

За информации поврзани со Вашето здравје информирајте се или закажете на телефон 02 309 1484.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот