Утврден предлог-составот на членовите на ДИК

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница со 9 гласа „за” ја изгласа Предлог-одлуката за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија.

За претседател на ДИК е предложен Александар Даштевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, а за потпретседател Дитмире Шеху од ДУИ, која и сега е потпретседател на Комисијата.

СДСМ ја даде поддршката на кандидатурите на Борис Кондарко и Радица Ристеска, актуелни членови на ДИК, како и на Оливер Ристовски, поранешен заменик министер за правда.

Втор член на ДИК со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Бобан Стојаноски, правник во Собранието.

Алијанса на Албанците, која е во коалиција со Алтернатива ја поддржа кандидатурата на Кренар Лога, правник од Струга.

Старо-новиот состав на ДИК треба да биде изгласан на пленарната седница закажана за напладне, со двотретинско мнозинство.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува на 15-ти овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот