Утрово бил на Влада, попладнево позитивен: Германскиот министер за здравство Јенс Шпан со ковид-19

Фото: EPA-EFE/HENNING SCHACHT / POOL

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан (40) е позитивен на новиот коронавирус, потврди денеска Министерството. Како што се наведува, Шпан е во карантин откако дознал дека е позитивен, јави агенцијата ДПА.

Шпан бил тестиран за вирусот, бидејќи неколку дена имал симптоми слични на настинка, а сите лица кои имале контакт со него се информирани дека е болен.

– Германскиот министер за здравство Јенс Шпан, кај кого попладнево беше потврден новиот коронавирус, учествуваше на седница на германската Влада утрово, но засега другите министри не треба да бидат ставени во карантин, изјави портпаролот на Владата.

Според него, правилата за физичко растојание и хигиена се строго пропишани во владата.

Според порталот „Фокус онлајн“, ниту германската канцеларка Ангела Меркел нема да биде ставена во карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот