Утрово заврши изградбата на Северен тек 2

Северен тек 2/Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

 Изградбата на гасоводот Северен тек 2 утрово во целост е завршена, соопшти руската компанија Газпром, пренесува Ројтерс.

„На оперативниот состанок на Газпром утрово, претседателот на управниот одбор, Алексеј Милер соопшти дека во 8:45 часот по московско време, изградбата на гасоводот Северен тек 2 е целосно завршена“, соопшти руската компанија „Газпром”.

Претходно, беше објавено дека операторот на проектот ја завршил инсталацијата на последната цевка од Северен тек 2. Компанијата очекува гасоводот да го стави во функција до крајот на годината.

Според најавите на Газпром, годинава преку овој гасовод може да се испорачаат 5,6 милијарди кубни метри гас.

Газпром планира да започне со испорака на гас преку првиот крак на Северен поток 2 од 1 октомври, а преку двата краци до 1 декември.

Северен тек 2 се состои од два краци на гасовод со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри годишно и се протега од брегот на Русија преку Балтичкото Море до Германија. Работите за изградба на гасоводот беа прекинати во декември 2019 година, откако швајцарската компанија Свис Олсис (Swiss Olsis) се откажа од поставување на цевки поради американската закана од санкции.

САД и Германија се спогодија за Северен тек 2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот