ФОТО: Утрово изгоре џип во Карпош 4, пожарот зафати и помало возило

Запален автомобил во Карпош 4/ Фото: Слободен печат

Рано утрово во 02.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Желево“ настанал пожар на патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски, сопственост на М.Ј.(49) од Скопје.

Од пожарот делумно било зафатено и патничко моторно возило „цитроен саксо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.М.(64) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Полицијата истражува дали пожарот е подметнат или возилото поради дефект самото се запалило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот