Утрински температури под нулата: Во Берово измерени -14 степени, од петок потопло време

Утринските температури во цела Македонија се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -14 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, втор најстуден град во земјава е Битола со -13 степени по што следуваат Петровец кај Скопје и Прилеп со -10, Крива Паланка, Демир Капија и Куманово со -9 и Тетово, Претор, Штип и Струмица со -8. Во Скопје и Гевгелија се измерени -7 степени, во Охрид -6 и во Крушево и Дебар -5 степени.

Утринава е сончево, тивко и студено со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер главно од југозападен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 9 степени. 

За утре се најавува повремен снег на планините во западните делови, а веќе во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот