УТРИНСКИ БРИФИНГ | Шахпаска: Над 92 отсто од вработените ќе одмораат во недела

Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика / Утрински брифинг

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со кој се дефинира дека недела е ден на неделен одмор останува блокиран на Комисијата за труд и социјална политика, поради процедурални забелешки.

-Не беше овозможено да се отвори расправа за ова законско решение кое го очекуваат работниците и кое требаше да почне да се применува од 1 октомври оваа година. Овој Предлог закон овозможува над 92 проценти од вработените да одмораат во недела и со тоа да создадат рамнотежа меѓу приватниот професионалниот живот, вели министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска за Утрински брифинг.

Дополнително, законското решение кое е на второ читање во матичната собраниска Комисија за труд и социјална политика, за малиот процент работници кои ќе работат во недела гарантира дополнителни најмалку 50 проценти повисока дневници, а во делот на моловите во недела ќе се работи во една смена, работниците ќе добијат 100 отсто повисока дневница, а ќе имаат право на слободен ден во текот на работната недела. Во делот на контролата на работењето увид ќе вршат надлежните инспекторати, изјави за Утрински брифинг министерката за труд и социјална политика Шахпаска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот