УТРИНСКИ БРИФИНГ | САД се свртува од надворешна кон внатрешна политика

Борис Камчев / Утрински Брифинг

САД ја менува политиката и од надворешната се свртува повеќе кон внатрешната политика, вели за Утрински брифинг Борис Камчев, дописникот на МИА од Вашингтон.

Американскиот претседател Џозеф Бајден во својот говор во ОН го спомена повлекувањето на САД од Авганистан како и договорот на САД со Велика Британија и Австралија, но на штета на Франција, две теми кои кренаа прашина како во САД така и во светот.

-Американците се повлекоа на театрален начин од Авганистан и десетина години сигурно нема да се мешаат во надворешната политика. Се чувствува дека тоа со повлекување, како што рече самиот Бајден, завршува ерата на долгогодишна војна и започнува ера на интензивна дипломатија, коментира Камчев за Утрински брифинг.

Тој додава дека има толкувања оти при вакви прилики сите диктатори низ светот кои дејствуваат во земји како во Русија, Иран, Северна Кореја или Кина ќе имаат можност да прават што сакаат, бидејќи присуството на Американците ќе се намали драстично во меѓународната политики, а тоа е лошо и за Европа и за НАТО, бидејќи тие не можат без САД, додава Камчев.

Камчев додава дека Трамп го почна тоа свртување повеќе кон внатрешните теми, а Бајден практично ја продолжува таа политика иако демократите повеќе би сакале да се вратат дома, да се свртат кон домашните теми, додека републиканците повеќе би сакале да продолжат со барем благо интервенирање во другите земји.

САД си имаат своите внатрешни проблеми, како што е справувањето со пандемијата со ковид и во моментов настојуваат да се прошири опфатот на вакцинацијата особено во јужните држави каде има најголем отпор. Бајден сега инсистира за продолжување на учењето со физичко присуство, коментира Камчев за Утрински брифинг.

Видео на денот