УТРИНСКИ БРИФИНГ | Проф. Димитров: Цените на струјата и гасот не се социјална категорија – Овие енергенси ги има ако имате пари

Далновод / Фото: EPA

Цената на енергенсите на светските берзи расте рапидно. Како ќе успееме да замениме дел од досегашните конзервативни елементи во производство со новите начини на еколошко производство. Бугарија се приклучува на Северен тек кој ја одминува Унгарија, цената на гасот е во некаков галопирачки пораст. Зошто ако е точно дека има и повеќе од доволно извори на гасот, гасот станува скап енергенс.

-Гасот е стока со пазарна цена која се формира во однос на побарувачката и понудата… Геополитичките случувања исто така влијаат врз чувствителноста на цената. Јас и претходно на еден стручен собир кажав дека Америка нема да дозволи гасоводот да помине низ Македонија од што се изгуби приличен прилив на средства. Германците си направија договор да се бајпасираат на рускиот гасовод и сега тие ќе бидат тие што ќе продаваат руски гас. Во моментов цената на гасот на пазарите за енергенси во просек е колку една третина од цената на електричната енергија, вели за Утрински брифинг проф. Кокан Димитров.

Разговорот погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот