УТРИНСКИ БРИФИНГ | Почнува грејната сезона, подготовките се во тек

парно радијатор греење
Парно греење / Фото: Архива на Слободен печат

Се ближи почетокот на новата грејната сезона која е можно да почне и порано ако температурите паднат на  12 степени или пониско. Во тој случај БЕГ има обврска да почне со испорака на топлинска енергија и пред 15 октомври.

-Испораката на топлинска енергија може да почне и на 1 октомври ако температурата е 12 или под 12 степени. Во тек се редовните проверки на потстаниците, а се прават и последни подготовки за остранување на проблеми во мрежата, вели за Утрински брифинг Емилија Јакимовска Мишева, лицето за односи со јавност во БЕГ.

За да може навремено да почне испораката на топлинска енергија потрошувачите и заедниците на сопственици треба да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат непречен пристап и напојување со електрична енергија на топлинската станица за таа да биде функционална.

Во домовите одржувањето на внатрешната грејна инсталација е обврска на сопствениците и заедницата на станари.

-Во околу 380 станбени објекти во моментов има дефекти во внатрешната инсталација, или нема пристап или електрична енергија во потстаниците за што БЕГ ги извести станарите за нивната обврска, вели Јакимовска Мишева за Утрински брифинг.

По завршувањето на интервенциите на внатрешната инсталација или потстаницата, потрошувачите треба да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на БЕГ и да известат. На веб страницата на компанијата има информација кои објекти се затворени и зошто не може да се испорача топлинска енергија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот