УТРИНСКИ БРИФИНГ | Наумовски: Очигледен и евидентен е развојот на Ѓорче Петров

Александар Наумовски, градоначалник на Ѓорче Петров / Утрински брифинг

– Најцрната точка пред ОУ „Мирче Ацев“ заедно со градот Скопје се ставија семафори, се обележаа вело патеки…. Зголемена е безбедноста во Ѓорче Петров. Имаме најмодерно автоматско улично осветлување, прва ЛЕД сијалица ставивме, акде во Ѓорче и преку ноќ е ден. Се зголеми безбедноста за нашите деца, за движење за пешачење. Се проектираат и многу нови улици, направени се над 110 улици по сите параметри на урбано градење, изјави за Утрински брифинг Александар Наумовски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ.

– Сакам да напоменам дека се преземаат и активности во делот со сообраќајната полиција. Имавме извештај дека намалени се сообраќајките на влезот во Ѓорче. Колку што сум информиран во градот Скопје веќе се изготвува решение преку ЈП Улици и патишта, да се направи кружен тек или семафори за да смири излезот од Скопје, бидејќи тоа е една црна точка.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот