УТРИНСКИ БРИФИНГ | Места во студентските домови има, се аплицира и за субвенциониран оброк

Евгенија Јанакиеска, МОН / Утрински брифинг

Повикот за пријавување на студенти за студентски места во домновите во земјава продолжува до 24 септември. За условите и документите потрбни за пријавување разговаравме со Евгенија Јанакиеска, службеник за млади во Министерството за образование и наука.

Во моментов е во тек аплицирање на студентите кои за првпат запишуваат прва година, а на располагање им стојат 1249 слободни места во домовите ширум земјата.

Од документи потребна е потрврда за статус на редовен студент, дека студентот е државјанин на Македонија и дека немаат повторувано повеќе од една учебна година. Пријавата се поднесува електронски на е-услуги или во хартиена форма, при што е потребна копија за завршено средно училиште и доказ дека студентот е примен на факутет, изјава за имотната состојба на семејството, а за децата без родители и децата со посебни потреби потребен е и доказ за таквиот нивни статус.

За останатите студенти од повисоките години повикот за преостанатите места во студентските домови продолжува до 15 ноември или до пополнување на преостанатите места.

Во врска со субвенционираниот студентски оброк во месечен износ од 2400 денари добиени се 21.639 барања, а одобрени се 18.149. Следен рок е октомври за студентите од прва година. Право на оваа мерка имаат сите редовни студенти на државните и приватните универзитети кои имаат помал приход од минимална плата и не се во работен однос ниту се пријавени како земјоделци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот