УТРИНСКИ БРИФИНГ | Крастев: Многу нешта можат да се случат во следните три месеца

Николај Крастев, аналитичар / Утрински брифинг

Николај Крастев, бугарскиот новинар, долгогодишен дописник од Западен Балкан и аналитичар за Утрински брифинг вели дека политичката сцена во Бугарија е турбулентна цела година, а допрва се очекуваат случувања во следните три месеци со оглед на фактот што по два циклуса неуспешни избори, Бугарија се соочува со трети парламентарни избори за една година.

Во последните десетин дена е актуелна и една нова политичка иницијатива, „Ја продолжуваме промената“ која се обидуваат да ја оформат во партија или движење министрите Кирил Петков и Асен Василев.

-Тоа е коалиција што обединува две партии „Ја продолжуваме промената“ и ДПС. Бугарските социолози на оваа нова партија ѝ даваат рејтинг од 9-10 отсто, така што може да се случи и сериозна промена. Тие како коалиција можат да повлечат и до 20-30 отсто од гласачкото тело што е многу сериозно и покажува дека на бугарската политичка сцена се појавува нова партија, вели Крастев за Утрински брифинг.

Политиколозите коментираат дека во Бугарија тешко дека без социјалистите ќе се формира политичка влада. Со оглед дена треба да се одржат и претседателски избори на кои ќе се кандидира за втор мандат и актуелниот претседател Румен Радев, несомнено е дека ќе му биде потребна партиска поддрша, која досегашните партии не сакаат да му ја дадат.

-Румен Радев нема директно кажано дека стои зад новото движење, но политиколози велат дека нему му треба нова партија. Речиси е извесно дека самото движење ќе го поддржи Радев и очигледно е дека е многу блиско до него, вели Крастев за Утрински брифинг.

Слави Трифонов во меѓувреме почна сериозно да ја губи поддршката, па можно е и да се прилучи кон новата коалиција, а можна е и коаиција меѓу Демократска Бугарија и Продолжуваме. Заеднички обединувачки елеминт на сите нив е борбата против корупцијата, па оттука тест ќе биде реконструкцијата на судството, коментира Крастев за Утрински брифинг.

-Можно е и социјалистите да се поделат на две, многу нешта можат да се случат во следните три месеца, вели Крастев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот