УТРИНСКИ БРИФИНГ | Исмаил: Балканските народи немаат среќа со нивните Академии на науки

Ѓунер Исмаил / Утрински брифинг

Вчера и денес во МАНУ се одржува собир под наслов „Современата македонска држава – две етапи во нејзиниот развој“. После долго време на едно место видовме неколку поранешни и актуелниот претседатен на РС Македонија, а коментарите се прилични негативни за тоа за што стануваше збор таму.

-Можеби најдобрата рамка ќе ја дадеме ако ја спомнеме тезата на претседателот на МАНУ, д-р академик Љупчо Коцарев, кој во воведното излагање тврдеше дека денешните политичари се слуги на дневополитчките и геострашки интереси, а не на државоторните интереси што денеска ги славиме. Тоа е што уште еден доказ за една друга теза дека балканските народи немаат среќа со своите академици или со своите Академии на науки. Академик Коцарев е еден од тие кој не придонесува за количеството на среќа кое што би требало една Академија на науки да го придонесува, изјави за Утрински брифинг аналитичарот Ѓунер Исмаил.

За говорите на поранешните претседатели во МАНУ, поранешниот министер за надворешни работи Денко Малевски рече дека не им личи на поранешни претседатели кои биле интегрирани во политиката долго време со вакви зборови и предвидувања да се обраќаат сега, кога во времето на нивниот мандат можеле да влијаат.

-Малевски всушност се осврна на еден друг настан по повод Денот на независноста што се одржа во Владата, каде имаше дискусија која наликуваше на прослава и имаше свечен тон. Во говорите во таа пригода имаше и критики и самокритики, но и надеж и оптимизам за она што ќе ни се случува утре. Таму седеа компетентни луѓе кои ги знаат работите, рече аналитичарот Ѓунер Исмаил во денешен Утрински брифинг.

Бидејќи во јавноста се појавуваат различни тези кои го инволвираат враќањето на поранешниот претседател Бранко Црвенковски во политиката, посредно или непосредно, прашањето е дали може поранешен политичар повторно да се врати на политичката сцена во земјата.

-Овие тези ги читаме на некои портали, за некакви платформи, идеи како да се обединиме, тези од луѓе кои немаат кредибилитет да сугерираат ништо. Балканските земји не се усреќија од академиите на науки. Видовме дека тие Академии генерираа различни платформи од кои потоа произлегуваа војни или служеа за долевање масло на огнот, вели Исмаил за Утрински брифинг.

Во врска со можното враќање на некој бивш политичар на политичката сцена, Исмаил вели вели дека тоа зависи кој политичар, зависи на кое ниво и зависи за што.

-Ова што се случи вчера на собирот во МАНУ е крајна непристојност, што вели народот, немање усул. Секој може да има фантазии но тие фантазии бргу се гаснат. Вчера излезе резултат од анкета на Институтот Конрад Аденауер во која граѓаните ги препознале како најзначајни личности Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев. Ќе видите дека памтите кој што од нив има направено, потсетува Исмаил.

Тој оценува дека експретседателот Ѓорге Иванов не е толку небитен бидејќи како што рече, тој „потпишуваше што ќе му дадеа“.

-Како што рече Прибе, тој беше претседател на заробената држава, потсети Исмаил .

Собирот по повод 30 годишнината од независноста на РС Македонија што вчера се одржа во МАНУ, Исмаил оцени дека би се свел на кафеански муабет доколку не беа толку високи личностите и да не стануваше збор за Академија на науките.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот