УТРИНСКИ БРИФИНГ | Дувњак: Уставниот суд мора да биде вистински чувар на уставноста и законитоста

Гордана Дувњак / Утрински брифинг

Секој четврток на Утрински брифинг се разговара за состојбите за судството со Гордана Дувњак, а денешната тема беше Уставниот суд на РСМ каде што се очекуваат нови именувања.

Уставниот суд е една од најважните правосудни институции  која има долга традиција во македонскиот правен систем. Уставниот суд е чувар на уставноста и законитоста во државата и треба да биде ефикасен во заштитата на човековите права и слободи, што е многу важно прашање затоа што треба најпрво да се исцрпат сите прави средства во Македонија за потоа да се оди пред судот за човекови права во Стрзбур.

-Почнувајќи од 1991 година, Уставниот суд има успони и падови во функционирањето, но важеше како институција која е многу важна, која треба да биде коректив на одлуките локалната и извршната власт, која има широка лепеза на надлежности, вклучително и преиспитување на деловната способност на претседателот. И затоа уставните судии имаат толку долг мандат и без право на повторен избор, вели Дувњак.

Таа коментира дека на политиката ѝ е важно кој седи во Уставниот суд.  Во моментов од 9 судии се пополнети 6 места, на тројца им помина мандатот и во овој момент судот одлучува на граница на својот минимум. Пет судии се доволно за да се одржи седница, а проблем ќе настане ако до јануари не се пополни оти во јануари судијата Јосифовски заминува.

– Едно време се зборуваше за Цветанка Ивановска, секретар на Собранието како можен кандидат за уставен судија, па се крена бура, од политика директно се внесуваат кадри во Уставниот суд. Имаше досега професори и судии со кариера, иако имаше и политички поврзани. И Игор Спировски беше сектетар, но се покажа како добар судија кој имаше многу издвоени мислења, вели Дувњак за Утрински брифинг.

Таа заклучува дека треба многу да се внимава при предлагање на кадри за Уставниот суд, а не да доаѓаат по политичка заслуга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот