УТРИНСКИ БРИФИНГ | Антоновски: Притисокот со лажни вести го загадува медиумскиот простор

Драган Антоновски, директор на МИА / Утрински брифинг

Состојбите на новинарството во регионот и историската посета на претседателот Стево Пендаровски на Грција беа теми на разговор со директорот на МИА Драган Антоновски и дописничката од Атина на МИА Сања Ристовска. Агенцијата МИА неодамна доби награда во Хрватска за стории од животот и во Дарувар Антоновски оствари средби со колегите од регионот. 

-Имавме тркалезна маса на новинари од регионот. Ми се чини дека сликата е иста. Она што го прави притисокот со лажни вести го има секаде. Разговаравме како како агенции како да го одбраниме тој новинарски простор. Рековме дека треба да се направи исчекор, вели Антоновски за Утрински брифинг.

За тоа како се брани МИА од лажни вести и како ги филтрира, Антоновски вели дека многу често се случува на МИА некоја вест да излегува подоцна од порталите затоа што се чека да се провери.

-Имаме солиден уреднички тим и се троши време на проверување. Грешки се случуваат. Ние произведуваме 400 вести на ден, но оние сензитивни вести сме мн внимателни, проверуваме па споделуваме, вели Антоновски.

Мултимедијалноста е многу битна. Сега сите медиуми се мултимедјални па и МИА.

-МИА направи сериозен чекор тука. Почнавме со мобилен телефон да снимаме видеа и многу помогнавме за време на ковид кризата кога голем дел од колегите не одеа на настани. Мислам дека тука сме одлични, но техниката може да биде и подобра. Тука се јавува и кршење меѓу генерациите новинари. Младите имаат друга енергија, а постарите велат дека сум ја уништил агенцијата со вметнување слика во текст. Правиме и анализи, кои се битни. Па ако може Ројтерс можеме и ние, вели Антоновски.

Дописничката на МИА од Атина, Сања Ристовска нѐ информираше за историската посета на прв македонски претседател во посета на свој грчки колега и ни ги пренесе впечатоцте за целата атмосфера.

-Станува збор за осбено важна посета што се потврди и на средбите со претседателката Сареларопулу и премиерот Мицотакис на кои се разговараше за нашата европерспектива што ни е многу важно. Разговараа и за договорот од Преспа, што е очекувано. Партијата на Мицотакис, Неа демократија, беше против договорот, но рекоа дека ако формираат влада ќе го имплементираат и тоа и доследно и го прават. Целата посета помина во добра клима и пријателска атмосфера, вели Ристовска за Утрински брифинг.

Во врска со одгласите за посетата на претседателот Пендаровски на Атина, Ристовска вели дела немаше голем интерес во грчките медиуми, туку имаше повеќе македонски медиуми, но треба да се има предвид дека во тек се ковид мерките.

-На средбите на Мицотакис најчесто влегуваат само фоторепортери и сниматели. Ова немање посебен интерес е можеби и позитивно – влегуваме во некој нормален ритам, ете дошол претседател на соседна земја како која било од друга од регионот. Нема сензација, вели Ристовска.

МИА успевате да ги покрие меѓународните настани поради сопствената дописна мрежа од странство.

-Тоа чини, но го покриваме целиот регион и Брисел и имаме меѓусебна агенциска размена, вели директорот на МИА Антоновски за Утрински брифинг.

 

 

Видео на денот