УТРИНСКИ БРИФИНГ | Ангелов: Имаме скромни капацитети, но со пожарите се справивме без жртви

Стојанче Ангелов, директор на ЦУК / Утрински брифинг

НАТО цивилната вежба која ќе се оддржи во Охрид и Струга е планирана од поодамна и не доаѓа наменски по големите пожари летово, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов за Утрински брифинг.

-Нејзината организација бараше долготрајни подготовки бедејќи ќе учествуваат држави од сите континенти. Очекува да дојде и Џон Менза кој што е асистент на генералниот секретар на НАТО за операции, но и други 33 ВИП личности кои што ќе учестуваат на оваа вежба, изјави во Утрински брифинг Ангелов.

Ова е прва ваква вежба во Македонија и воопшто една поголемите во целиот регион. Се очекуваат околу 1.000 учесници, додаде Ангелов.

Осврнувајќи се на шумските пожари што ја зафатија земјата летово, Ангелов вели дека имало вкупно 116 пожари од кои една третина гореа истовремено. Со оглед на околностите, Ангелов оценува дека службите добро се снајдоа во ситуацијата.

-Во зависност од обемот на елементарната непогода, јас би рекол дека ниту една држава не може сама да се справи. Многу помоќни држави бараа меѓународна помош. Ние имаме скромни капацитети, но доволни за справување со одредени кризни состојби, но понекогаш е потребна и меѓународна помош, вели Ангелов.

Ангелов апелира да се набави нова и подобра опрема за справување со кризни состојби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот