Утринска групна тепачка во Карпош, осум мажи и жени нападнале скопјанец

Фото: Пешачки премин кај „Сити мол“ / илустрација

Вкупно осуммина скопјани, меѓу нив и мажи и жени, се пријавени дека нападнале нивни сограѓанин пред трговски центар во скопски Карпош, соопшти полицијата.

На 16.11.2021 во 06.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред трговски центар на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.С.(30), А.С.(35), женските лица И.З.(55), М.Ќ.(41), С.М., Л.Д.(55) и две малолетнички, од една страна, и Б.Х.(41) од друга страна, сите од Скопје, велат од полицијата.

Сочинети се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот