Утринава најстудено во Маврово, а најтопло во Гевгелија и Дојран

Фото: Миа.мк

Највисока снежна покривка е измерена во Маврови Анови – 23 сантиметри, во Попова Шапка 9 сантиметри, 3 во Лазарополе и 1 сантиметар во Ѓуриште.

Утрово во земјава најстудено било во Маврово каде се измерени -10 Маврово и Крушево – 8 степени, а најтопло во Гевгелија и Дојран, каде е измерен 1 степен целзиусов.

Највисока снежна покривка е измерена во Маврови Анови – 23 сантиметри, во Попова Шапка 9 сантиметри, 3 во Лазарополе и 1 сантиметар во Ѓуриште.

Утрово во земјава времето е облачно и студено. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа повремено силен северен ветер со брзина и над 60 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 2 степенa.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот